Севернокорејски дезертер, кој бил застрелан и ранет кога се обидел да ја премине границата на Северна Кореја со Кина, бил тестиран и е позитивен на коронавирусот, објавува „Дејли меил“.
Тој на 20 април се обидел да ја премине граничната река Тумен, но во тие моменти бил ранет од граничари од кинеската страна.
Потоа бил пренесен во кинеска болница, каде што бил тестиран на коронавирус. Резултатите биле позитивни. Војникот сега е во карантин.
Официјалните државни и здравствени власти во Северна Кореја и понатаму тврдат дека во таа земја не е забележан ниеден случај на Ковид-19.


