Основното јавно обвинителство Штип со предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик, од судија поединец во Основниот суд Штип побара на шест лица да им изрече парични казни во износ од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 10 евра во денарска противвредност.
– Обвинетите во одделни случаи, се движеле пеш или со возила по градот, за време додека во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република Северна Македонија, соопштија од ОЈО.