Голем дел од продавниците во Тетово поради кризата со коронавирусот се затвораа. Тие пак кои останале да работат велат дека им е драстично намален прометот.
Трговците велат дека секоја година работат со загуби се додека не дојдат печалбарите кога прометот им е зголемен за 50 %. Сега оваа година поради коронавирусот гастарбајтерите нема да дојдат, затоа и дуќаните се затвораат
Од Стопанската комора на Северозападна Македонија, велат дека дека без печалбарите кои секоја година ја крепат економијата економските штети ќе бидат несогледливи.
Одредени статистики говорат дека речиси 40 % од населението од полошко е отселено во западно европските земји, а експертите потенцираат дека сумата за една година која ја оставаат печалбарите во Македонија достигнува и до 1 милијарда евра, пари со кои се покрива трговскиот дефицит во Македонија.
Зоран Димовски