Низ полошко се врши организиран превоз  – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/20 1:36 PM

Низ полошко се врши организиран превоз 

Три дена по одлуката за забрана за организиран превоз низ полошките општини денеска можеше да се забележат како некои такси комбиња превезуваат патници од една во друга општина. Од полицијата, велат дека досега опоменувале, но отсега ќе мора да изречуваат казни без исклучоци, за сите кои ја прекршиле одлуката.


Такси комби превозниците велат дека таксирањето им е единствената егзистенција, знаат дека го кршат законот, но не можат да престанат да се бават со оваа работа. Ако еден да не излезат со своето комби, нема што да донесат дома.

Од полицијата, велат дека досега опоменувале, но отсега ќе мора да изречуваат казни без исклучоци за сите кои ја прекршиле одлуката.

Инаку владината одлука за забрана за организиран превоз од Тетово кон соседните општини и обратно беше донесена пред три дена, по барање на градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Зоран Димовски