Најмалку шест жртви од торнада во САД – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/20 11:12 AM

Најмалку шест жртви од торнада во САД

Најмаку шест луѓе загинаа, а повеќе десетици се повредени во силните бури и торнада што вчера зафатија делови на Оклахома, Тексас и Луизијана.

Во Тексас има тројца загинати и 20 повредени кога торнадо протетнело во местото Оналаска, а во Оклахома имало три жртви. Во Луизијана загинала една жена, пренесува „Ројтерс“.

Повеќе куќи се оштетени, а без струја останале 7.000 жители во Оклахома и 9.000 во Тексас.