Полицијата од Форт Мајерс со посебен гест на благодарност за здравствените работници – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/20 9:54 AM

Полицијата од Форт Мајерс со посебен гест на благодарност за здравствените работници

Полицијата од Форт Мајерс, Флорида, ги постави своите полициски возила во вид на срце, на паркингот пред локалната болница, за да им се заблагодари на здравствените работници за нивната борба против коронавирусот, пишува „Добро утро Америка“.

Полицајците поставија 15 патролни возила пред  болницата „Ли меморијал“  во Форт Мајерс, за да ја искажат својата благодарност за хероите кои спасуваат животи во нивната средина.

Во средина на направеното срце од возилата со уклучени ротирачки светла,  можат да се видат неколку полицајци кои држат големи букви кои формираат „ФМДП ви се заблагодарува“.

Полицијата не повика медиуми на настанот, но направеното дело го сподели на нивната фејсбук страна, што предизвика лавина позитивни коментари.