Осумчасовно работно време во Владата и министерствата – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/20 8:07 PM

Осумчасовно работно време во Владата и министерствата

Владата денеска ја усвои Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа,согласно со измените и дополнувањата на одлуката за ограничување на движењето.

Според усвоениот распоред, се утврдува дека работното време во овие институции започнува помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршува помеѓу 15:30 и 16:30  часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

 

МИА