Кризен штаб Куманово: Владата да обезбеди заштитни маски, граѓаните да ги почитуваат мерките – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/20 8:03 PM

Кризен штаб Куманово: Владата да обезбеди заштитни маски, граѓаните да ги почитуваат мерките

Кризниот штаб на Куманово бара од Владата одредена количина заштитини маски кои бесплатно ќе се делат на граѓаните, а институциите на локално ниво да ги дадат возилата за потребите на штабот. Редарските служби пак, од утре ќе почнат да ги делат маските кои општината ги набавила. Ова се дел од заклучоците од денешната 36-та седница на кризниот штаб.

Општинскиот штаб за заштита и спасување по добивање на известувањето за спроведување на дијагностичко тестирање за коронавирусот, согласно алгоритмот за тестирање упати барање до Комисијата за заразни болести за преиспитување на исправноста на одлуката за воспоставување на ваков алгоритам.

-Бараме истиот да претрпи измени, затоа што стриктното почитување на вака поставениот алгоритам претставува длабока ирестриктивна форма на тестирање со што со ваков мал број на тестирања може да се добие несоодветна епидемиолошка проценка на состојбата а со тоа и немање никаква можност за евентуално тестирање на асимптоматски случаи кои може да бидат извор на ширење на заразата, се вели во соопштението на штабот.

Социјално ранливи категории граѓани можат да се обратат за помош на течефонските броеви 075323569, 075207126, 077719494 и 078365061.

Од штабот апелираат до кумановците доследно да ја почитуваат мерката за задолжително носење маски, како и физичка социјална дистанца при комуникација.

-Апел до граѓаните на Куманово за доследно почитување на мерката за излегување и движење на само еден член од семејствотово делот на набавка на прехранбени и други производи, лекарства и потреби во делот на регулирање на севкупните дневни и периодични потреби на семејството, соопштуваат од штабот.

 

МИА