Брис и од око, солзите потенцијален и подолготраен извор на Ковид-19, откритие на италијанските лекари – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/20 6:37 PM

Брис и од око, солзите потенцијален и подолготраен извор на Ковид-19, откритие на италијанските лекари

Вирусот Сарс-Ков-2, кој е одговорен за пандемијата од  Ковид-19, активен е и во солзите на заразените пациенти, покажало истражувањето на  Националниот институт за инфективни болести „ Spalancana”, во Рим,објави весникот “Annals of Internal Medicine.”

Брисот земен од око на заразен пациент, кој имал билатерали  коњуктивитис, истражувачите успеале да го изолираат вирусот, покажувајќи дека тој може да се размножува, не само во респираторите органи туку и во око, предизвикувајќи коњуктивитис.  Ова откритие има важна имплементација за општото здравје, па резултатот до кој дошле италијанските лекари, е проследен до Светската здравствена организација.

– Ова истражување покажува дека очите не се само едни од влезните врати на вирусот во телото, туку и потенцијален извор на зараза- изјавила Концета Катилети (Concetta Castilletti),  водич на оперативната единица во лабораторијата на клиниката во „Спаланзани“ во Рим.

Откритието потврдило дека е неопходно да се обезбеди  соодветни заштитни средства и за лекарите офтамолози, за кои до сега се сметало дека се релативно сигурни од ризикот на коронавирус.   Истражувањето потврдило  дека брисевите од око може да  бидат позитивни на инфекција на вирусот и во случај кога на примероците од респираторниот систем нема веќе видливи траги на вирусот.  Три седмици  по хоспитализирање на пациентите кај кои заразата се тестира со брисеви од респираторните органи, се негативни на Ковид-19, додека примерокот од  брис на окото бил и понатаму слабо позитивен и до 27 дена од почетокот на  хоспитализацијата.

Ќе биде потребно понатамошно истражување, за да се провери колку долго е активен вирусот во солзите и потенцијално заразен.

– Ова е уште една коцка во мозаикот кој го составуваме обидувајќи  се да ја откриеме комплицираната  тајна на овој вирус- рекла генералната директорка на болницата „Спаланцанија“, Марта Бранка.