Пролетна детоксикација: Три чаја за исфрлање на отровите од црниот дроб и дигестивниот систем – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/20 7:01 AM

Пролетна детоксикација: Три чаја за исфрлање на отровите од црниот дроб и дигестивниот систем

Седите дома, не се движите, јадете се и сешто. Организмот ви е тромав. Како да ја вратиме енергијата? Како да го очистиме организмот од од непотребните наслаги, како да го исчистиме целот организам?  Како да му направиме детокс?  За оние што сакаат многу е едноставно да се ослободите од натрупаните токсини. Тоа се прави со конзумирање на одредени напитоци, кои имаат голема моќ да го прочистат организмот.  Овде предничат билните чаеви кои го имаат најмоќното дејство и не служат само за студените зимски денови.

Со чистење на организмот од штетни материи му ја враќаме рамнотежата на организмот. Чистењето на организмот трае седум дена во кои се препорачува полесна исхрана и конзумирање на чаевите два пати дневно. Најдобро би било наутро на празен стомак и навечер пред спиење.

Предлог најдобри чаеви за детоск:

Зелен чај

Зелениот чај одсекогаш се користел во кинексата традиционална медицина, а денес важи за најздрав напиток во светот.  Причината поради која толку е фален е големата количина на антиоксиданти кои ги содржи, некои од нив ги нема ниту во овошјето и зеленчукот. Истражувањата покажале дека пиењето зелен чај ја врака енергијата на телото, содржи доволно кофеин за да не разбуди и да не направи продуктивни.

Чај од ѓумбир

На листата најдобри средства за детоксикација секако е ѓумбирот. Само една  недела ако го конзумирате ќе ви се опорават сите органи и исфрлат токсините. Може да се измеша со врела вода или можете лажичка мелен ѓумбир да измешате со чај од камилица или нане за да го ублажите неговиот пикантен вкус.

Чај од коприва

Копривата е многу лековита билка и затоа чајот  од коприва се препорачува за детоксикација бидејки со неверојатна брзина ги исфрла лошите материјали од телото.