Витаминот Ц е состојка која може да се пронајде во најмногу намирници. Експертите говорат дека овој витамин, во помала или во поголема мера, го има во овошјето и зеленчукот.
Јак имунитет не штити од вируси и бактерии. Затоа е потребно да се снабдиме со потребни минерали и витамини помеѓу кои и витамин Ц. Еве кои се првите знаци дека на вашиот организам недостасува витамин Ц.
Иако лесно го наоѓаме во природа, а нашето тело лесно го прифаќа, лошите животни навики и исхрана сиромашна со хранливи состојки може да доведе до недостаток на витамин Ц и до здравствени тегоби.
Овој витамин е од витална важност за нашиот имунитет, кожата ја прави здрава и помага за заздравување на рана.
Кои намирници имаат најмногу витамин Ц од портокалите?
Витамин Ц е важен за здравје на коските, а без него телото не може да прифати железо и одредени протеини се прекупотребни за здравје на вените, лигаментите и тетиви.
Знаци дека на телото недостасува витамин Ц:
-Константно чувство на психичка и физичка исцрпеност;
-Промена на расположение проследено со нервоза;
-Падот на имунитетот, поради што телото не може да се бори против вируси, бактерии и други лоши микроорганизми кои предизвикуваат инфекции и алергии;
-Крварење на непцата, крварење и промена на забите;
-Создавање на модринки на телото без оправдана причина.