По повод Денот на планетата Земја, нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора” , во рамки на глобалната иницијатива, го чистеа дното на езерото кај Музејот на вода, Градиште.
– Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почиста околина, наведоа од „Амфора”.
Имено, меѓународната нуркачка асоцијација „Scuba Schools International”, која се вклучува во вакви инцијативи одбележува 50 годишен јубилеј од своето постоење.
МИА