Парична казна за осум делчевци кои се движеле за време на полициски час – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/20 1:48 PM

Парична казна за осум делчевци кои се движеле за време на полициски час

Основното јавно обвинителство Делчево известува дека се поднесесени предлози за издавање казнени налози за осум лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите за време на викендот, додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија , се движеле пеш или со возила низ градот. Со тоа, не ги почитувале здравствените прописи и го сториле кривичното дело, а за што обвинителството побара од надлежниот суд да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби., се вели во соопштението од ОЈО Делчево .