Силиконските гради и спасиле живот на 30 годишна девојка – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/20 1:24 PM

Силиконските гради и спасиле живот на 30 годишна девојка

Приказната во продолжение покажува како имплантите во градите на една 30 годишна девојка ја спасиле од сигурна смрт и ова не е за прв пат во медицината да биде забележан  ваков случај.

Лекарите велат дека имплантите во градите на девојката и го спасиле животот, со што спречиле куршум да помине низ нејзиното срце.

Овој случај е објавен во магазинот „Plastic Surgery Case Studies“, а фактите од текстот го поткрепиле лекари од Канада.

Според нивниот извештај , 30 годишна жена шетајќи се низ улица во Торонто почувстувала „жештина и болка во левата страна на градите“, забележала и крв. Таа сама успеала да дојде до најблиската  итна медицинска помош.

Лекарите и ги извадиле и двата силконски импланти и забележале дека куршум поминал низ левиот имплант, па во десниот толку силно што десниот имплант бил свртен. Бидејќи левиот имплантант се наоѓал над срцевата и градната празнина на жената, веројатно е дека нејзиниот имплант и го спасил животот, се вели во извештајот.

Во медицинската литература постојат уште четири случаи каде куршуми завршиле во импланти. Во два случаи куршумот завршил во имплантите и сигурно спасил два животи. Најверојатно имплантот го успорува куршумот и  на тој начин станува помалку опасен по живот.

Научниците имплантите ги тестирале во лабораторија и потврдиле дека во одредени околности може да спасат живот. И понатаму е непознато кој пукал во 30 годишната жена која се шетала низ улица во Торонто. Лицето се уште не е пронајдено, а девојката е успешно излечена.