Холивудскиот актер Вал Килмер вчера во емисија отворено прозборе за својата здравствена состојба а за борбата со рак на грло, која му е дијагностицирана пред пет години.
Тој кажа дека се чувствува многу подобро , отколку што прогнозирале, но вели дека му пречи што засекогаш ја изгубил бојата на гласот, сега зборува отежнато, и вели, се смее како пират.
Килмер се занимава со сликарство, а минатата година се врати на актерството, кога учествуваше во низа проекти, меѓу кои и продолжението на „Топ Ган“, заедно со Том Круз.
Тој глумеше во првиот дел на култниот филм „Топ Ган“, а ја имаше улогата на Ајсмен, кој беше конкуренција на главниот лик Маверик.
Погледнете го интервјуто: