Во селото Радетиќ во Истра, хрватската ѕвезда Тони Цетински е во изолација, со сопругата Дубравка и нејзината мајка. Тој на Инстаграм се пофали дека времето го поминува многу креативно. Се фрлил на земјоделие и според фотографиите ја создава својата био градина.
-Со почитување на мерките за дистанца, нашето био село, нашата био градина се подготвени за садење, веднаш после првиот дожд, кој го чекаме, напиша Тони покрај фотографијата направена во градината која ја обработува.
„Поминувам многу активно и креативно. Никогаш не сум снимал колку што снимам сега и супер се сложувам со жена ми и тештата. Генерално мислам дека и луѓето малку поинаку ќе се однесуваат кон природата, но и едни кон други. Јас се надевам. Со домашните си се сложуваме супер. Сами себе се изненадивме. Знам да влезам и јас во кујна да зготвам. Си открив нов талент. Не се плашам од вишокот на килограми, редовно возам велосипед низ околните села. Ама и се хранам здраво, изјавил за Слободна Далмација.
Од Загреб со сопругата побегнале пред три години во својата оаза а Тони во Опатија.