Имаше проблем со дрога и алкохол а беше и жртва на насилство, потресно писмо на 33 годишната плејбој убавица – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/20 7:29 PM

Имаше проблем со дрога и алкохол а беше и жртва на насилство, потресно писмо на 33 годишната плејбој убавица

Поранешната Плејбој зајачица Ешли  Матингли почина на 33. години, а веста за нејзината смрт ја потврдија на социјалните мрежи брат и Били и сестра и  Кристи. Ешли пред смртта оставила проштално писмо, што потврдува дека станува збор за самоубиство. Нејзиното тело е откриено три дена по смртта, кога нејзин загрижен пријател повикал полиција , бидејки таа не му се јавувала.

Нејзиното семејство раскажало дека таа имала проблем со наркотици и алкохол, но и дека била жртва на насилство, односно  била злоставувана од поранешното момче.  Ешли била во врска со  Лејн Гарисон, ѕвезда од серијата „Бегство од затворот“, кого надзорните камерите го фатиле како ја тепа. Гарисон се бранел дека тоа го направил бидејки му го украла мобилниот, па во затвор поминал два месеци, пред да биде пуштен на условно. Тој не се ни огласи по повод смртта.

Семејството  се простило од Ешли, која беше мисица на Плејбој за месец март 2011. година.

-Те сакаме, ни недостасуваш. Лети високо, сестричке, најубав ангел во рајот си, напишала сестра и под заедничките фотографии.

Извор: telegraf.rs