Џин пред ручек и мартини пред спиење, животни навики на кралицата Елизабета, која денес го слави 94 роденден – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/20 2:43 PM

Џин пред ручек и мартини пред спиење, животни навики на кралицата Елизабета, која денес го слави 94 роденден

Англиската кралица Елизабета Втора денес го слави 94. Роденден, но годинава без почесната стрелба, која е откажана поради пандемијата. Таа сама побарала оваа година да не се одржи почесната стрелба, објави новинар на Ај-Ти-Ви Њуз на Твитер. Тој вели дека  таа не го смета за овој чин за прикладен во контекст на кризата поради вирусот. Овие почесни стрелби вообичаено се одржуваат од повеќе места во Лондон и тоа во специјални прилики за кралското семејство, како што се годишниците и родендените.

-Нејзиното височество смета дека на сила не се посебни мерки кои би овозможиле да се орджи почесната стрелба и затоа смета дека е непријатно за вакви околности, напишал репортерот Крис Шип., повикувајки се на изборти од Бекингамската палата.

Ова е порв пат за 68 години колку што трае нејзиното владеење, кралицата да упати вакво барање, додал тој, наведувајки дека роденденот на кралицата годинава нема да биде одбележан на никаков посебен начин.

Иако таа е кралица со најдолг стаж, сепак, постојат некои работи за неа кои јавноста не ги знае. Таа ретко дава интервјуа, малку луге имаат увиод во нејзиниот приватен живот и може да се пофали со колекција на шешири.

Еве неколку податоци за неа: Нејзина роднина открила дека таа пие џин пред ручек, чаша вино додека јаде, а потоа сув мартини и чаша шампањско пред спиење. Таа немала пасош, бидејки за патување не и е потребен. Има два родендена, на 21 април кога е родена, но нејзин официјален роденден и е во јуни на парадата која е традиција од 1748. година. Единствената која видела како 13 различни премиери на Англија доаѓаат на власт, ги дочекала и испратила. Фан е на фудбалскиот клуб „Арсенал“, течно зборувала француски, во брак е повеќе од 70 години и секоја година во Бекингемската палата угостува над 50.000 луге.

Извор: telegraf.rs