Самир Љума, снимателот на документарниот филм „Медена земја“ е еден од оние, кои минатиот месец допатуваа од странство и од аеродром заминаа дирекно во излоација, која по истекот на 14 дена им беше заменета со самоизолација, с нови 14 дена. Да се биде затворен 28 дена, вели тој, не е ништо страшно особено ако знаеш дека тоа е заради доброто. Прво на самиот себе, потоа на твоите најблиски, па за општо добро. Тој отоврено са ММС прозборе за неговите „самечки“ денови најпрво во изолација во хотелот „Десарет“ во Охрид, па сега уште 14 дена во самоизолација во Лагадин.
-Не е досадно ако сам си направиш да не ти биде. Ете јас ја имав таа „среќа“, бидејќи се вратив од Германија место дома со моите родители да дојдам во Охрид, иако во Германија влегов од Австрија, па таму се тестирав и со семејството кај што бев сместен, бевме со самоизолација. Но, навистина не е тешко и досадно. Имаш време за се, да размислуваш, да сурфаш по интернет, да учиш многу работи, за кои си мислел дека не те бива. Еве јас уште во самоизолацијата во Германија почнав да цртам, и тука дојдов со опрема. Нешто за што сум мислел дека не ме бива. Има многу ефтини и бесплатни курсеви, бидејки со патувањето со „Медена земја“ немав време да видам, како снимател, каква техника се користи. Сега и тоа го научив со онлајн курсеви кои се достапни. Мои пријатели готват. Секој може да се пронајде во нешто и да биде опшествено одговорен место да кука колку му е тешко, вели Самир.
Копав јаготки во Германија, а сега сакам да си купам нива во Тетово
Тој вели дека со здравјето е ок, нема никави симптоми, негативен бил тестот во Германија и сега додека е во Македонија не е тестиран. Само, додека е во самоизолација два пати дневно го посетува полиција за да види дали ги почитува правилата.
-Немам симптоми, се е ок. Процедура во Германија беше при влез веднаш да се тестираш. За Германија најризични земји им беа соседните, никој не гледа во себе. Овде не ме тестираа, бидејки се чувствувам добро, не мора ни да ме тестираат. Нека се чуваат тестови за тие на кои им се неопходни. Во „Десарет“ не излегувавме од соба. Јас бев сам во соба, други беа по 2-3 души, кој како патуваше во авион, така и беше сместен. Ма се издржува, ете заради моите родители, кои излегуваат понекогаш поради набавка, инаку се и тие, како ризична група, затворени и мои пријатели им помагаат. Среќа е што тие се разбрани, па не прават никакви проблеми бидејки седат дома, но има мои блиски кои мака мачат со родителите, не ги почитуваат правилата. Имам и пријатели кои се затврени исто толку денов во станови. Кому како му се погоди. Се смеев пред некој ден, нели во Тетово, од кај што сум јас, традиција е за Велигден да се оди по куќи. А сега ми викаат, што убаво, никој не ти доага, никаде не одиш. Па и претходно најголемата комуникација сите ние ја имавме преку социјалните мрежи, затоа и не треба сега да ни е тешко. Барем мене. Е сега, секој е со своето размислување и филозофија дали сето ова што го поминуваме е вистина или не. Јас се придржувам кон правилата за општо здравје. Малку ми недостасува традицијата моја, со моето друштво од Тетово секој четврток се собиравме кај некого и правевме гравче и се дружевме. Ете тоа ми недостасува., вели тој.
Комуникација само преку социјални мрежи на релација Скопје-Охрид-Вухан
Тој е „заробен“ со малку гардероба, бидејки кога тргнал на патување мислел дека ќе биде само пет дена и затоа не носел ништо со себе. Сега во осамувањето научил и да пере.
-Планот ми беше да бидам пет дена на пат и букбвално со мене го имав тоа сивото што го носев на Оскари и уште неколку работи. Сам се преам, па немам што да облечам. Но, кога ќе дојдам во Тетово прво што ќе направам е да си го средам гардероберот. Не морав да готвам. Во „Десарет“ два пати дневно ни носеа храна, но можеше и да си нарачуваш. Имаше луѓе од Пештани, некои ги познавав, некои сами ми се понудија да ми се најдат, да ми донесат нешто што ми треба. Имаше и од Црвен крст. Исто е и сега во Лагадин, носат се што ќе нарачаш, додава тој.
Во оваа состојба на колективно изолирање човек има време да мисли на многу работи, за тоа што сака а што не. Или, како понатаму. И тој вели дека изолацијата му помигнала да размислува за многу работи.
-Искрено уште додека бев во Германија во изолација, во соседната куќа имаше био фарма, па јас си копав јаготки. Сега имам голема желба да купам нива и да живеам на село. Па физичката активност го чува здравјето. Ќе садам компир, во ваква ситуација ќе имаш што да јадеш. Гледав и филмови, кои поради патувањето со „Медена земја“ немав време. Размислував за проекти. Проекти кои сум ги имал во глава, а сега можеш уште поубаво да ги осмислиш и да ги реализираш. Ама од се најмногу ми остана желбата за нива на село. А најлошо од се ми беше следењето вести и социјалните мрежи . Кога слушав и читав за разни лоши работи, неправди, лоши искуства на пријатели.., тоа влијаеше многу лошо на мене. Но, навистина тешко е да им се погоди на сите. Сепак, сметам дека треба да има да се читаат и емитуваат барем попозитивни информации. Рестиркциите ги има и мора да ги има само заради тоа што индивидуалци не ги почутуваат препораките. Ајде да бидеме посвесни, за да биде порелаксирано и побезбедно, вели Самир.
Човек додека е жив учи и се прилагодува на се, па така и Самир. Но, сепак, има едно нешто што ќе му недостасува.
Секој што влегува во државата мора да го пополни прашалников- вели Самир
-Човек се навикнува на се, па и изолацијата ти станува многу нормална. Само многу ќе ми недостасува тоа што нема да можам да се гушкам со луѓе кои ми се драги, бидејки претоставувам дека дистанцата ќе продолжи како мерка. И мислам дека е оправдана се додека не се искорени ова. Претпоставувам дека во иднина ќе ни биде многу чудно кога ќе гледаме постари филмови каде има интимни односи, гушкање, масовни сцени. „Леле, гледај го се гушка“, така ќе си викаме. Хахаха… Но, едно секогаш ќе остане како трага од изолацијата а тоа е- и црвени теписи и гламур, кој не го сонувавме дека ќе се случи, се е тоа добро, но сега гледаш дека вредноста е во сосема нешто друго, вели Самир.
Весна Миленковска