Руската компанија ВПК, која се занимава со производство на клопни возила, го направи првото руско теренско возило на гасеници за евакуација на болни, а во него е вграден и апарат за вештачка вентилација на белите дробови.
Се работи за медицинска варијанта на теренското возило „ирбис“, кое служи за движење по снежни и мочурливи предели, а е снабдено со опрема за медицинска нега и во него е вграден респиратор. Производителот истакнува дека здравствените работници можат да им укажуваат помош на болните додека „корона-тенкот“ е во движење. Возилото веќе е подготвено за сериско производство.
Во Русија бројот на инфицираните со коронавирус се зголеми на 47.100, а досега се починати 405 луѓе.


