Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини, информира АМСМ.
Се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
АМСМ потсетува дека се затворени сите гранични премини за излез и влез во државата, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и лицата со соодветна дозвола од МВР.