Коронавирус: Состојба – свет, Европа, Балкан – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/20 6:17 AM

Коронавирус: Состојба – свет, Европа, Балкан

Според последните податоци од синоќа, бројот на инфицираните со Ковид-19 во светот достигна до 2.480.000, на излекуваните до 650.000, а досега починале околу 170.000 луѓе.

Најмногу заразени има во САД – 785.000, а таму починати се околу 42.000 луѓе. Во Шпанија има заразени 200.500 (20.850 почонати) во Италија – 181.000 (24.100), Франција – 155.000 (20.300), Германија – 147.000 (4.700), Велика Британија – 125.000 (16.500), Турција – 91.000 (2.140), Иран – 83.500 (5.200)…

Во Македонија вчера бројот на заразените достигна до 1.225, а на починатите на 54. Во другите балкански земји состојбата до вчера беше ваква: Србија – 6.630 (125), Грција – 2.245 (116), Хрватска – 1.881 (47), Босна и Херцеговина – 1.311 (50), Косово – 598 (15), Албанија – 584 (26)…