Со рака напишана песната “The Times They Are A-Changin” на Боб Дилан од 60тите години од минатиот век ќе биде понудена на продажба во Лос Ангелес по цена од 2,2 милиони долари. Ако тоа се случи ќе биде постигнат рекорд за продажба на една рок песна.
Песната “The Times They Are A-Changin” тој ја напишал во 1963 година и била насловна нумера на неговиот албум во 1964 годна. Се смета за една од највпечатливите протестни песни на минатиот век.
Сопственикот на аукциската куќа “Moments in Time”, Гери Зимет, рекол дека песната е напишана на лист од тетратка со пречкртани зборови била сопственост на менаџерот на Дилан, Џеф Росен, но дека сега ја продава приватен колекционер, пренесува Ројтерс.
“Не станува збор за аукција. Тоа е приватна продажба и кој прв ќе дојде тој ќе ја купи, објасниле од аукциската куќа.
Песната “Like a Rolling Stone” на Дилан, кој ја напишал со рака била продадена на аукција во Њујорк во 2014 година за два милиони.