Гоце Седлоски тренер во Динамо Загреб – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/20 10:05 PM

Гоце Седлоски тренер во Динамо Загреб

Некогашниот репрезентативец на Македонија, капитен и дефанзивец, Гоце Седлоски ќе биде тренер на вториот тим на Динамо Загреб. Ова самиот тој го потврди, велејќи дека веднаш ја прифатил понудата бидејќи тоа е неговиот сон.

-Да, можам да потврдам дека го преземам вториот тим на Динамо. Ете, ми се исполни желбата, доаѓам да работам во Динамо. Знаете колку го сакам Загреб и колку ми е мило што се враќам во Динамо, вели Седлоски за хрватските медиуми.

Седлоски е легенда во поновата историја на овој клуб, а во хрватска освои се што можеше да се освои, а беше и капитен на тимот едно време. За овој клуб настапуваше во два наврати, првиот од 1998 до 2004 и вториот една сезона во 2005-та година. Во тренерската кариера Седлоски ги предводеше екипите на Вардар, Турново, Рига, Широки Бријег, а беше асистент во репрезентацијата и во австриски Матерсбург.

Извор: sportm.mk