Дресот со потписот на Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар на сите времиња денес е продаден за 216.000 долари. Овој дрес Џордан го носеше на Олимписките игри во Барселона 1992. Аукцијата траеше две недели а почетната цена беше 25.000 долари. Аукцијата заврши истиот викенд кг почна емитувањето на документарниот филм „Последниот танц“, посветен на шампионската генерација на „Чикаго булс“ предводена од Џордан и тоа од 1991 до 1998 година, кога освои шест шампионски титули.
– Мајкл Џордан е најголема спортска икона на сите времиња. Колекционерите ја искористија ретката можност да дојдат во сопственост на дресот кој Џордан го носеше играјќи за најдобриот кошаркарски тим на сите времиња , рече Брајан Дваер, претседател на аукциската куќа „Robert Edwards Auctions“.
Фото: bleacherreport.com/