(ВИДЕО) Скапо оро среде Гевгелија – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/20 5:43 PM

(ВИДЕО) Скапо оро среде Гевгелија

Не отидоа во црква но за Велигден  се фатија на оро. Гевгеличани , соседи се фатија за раце и заиграа оро на среде улица, игнорирајќи го полицискиот час. Некој тоа и го снимил и објавил.

Ова видео објавено на социјалните мрежи предизвика бројни реакции, но и интервенција од полицијата и ОЈО.

МВР во координација со Јавното обвинителство најавија дека ќе бидат санкционирани сите кои ја прекршиле забраната за движење. Се преземаат соодветни мерки и активности и сите кои ги кршат законите ќе бидат соодветно санкционирани.

Приведено е едно лице за кое се вели дека е еден од многуте луѓе кои играле на орото на Велигден.