Филипче: Излекувани 200 пациенти, добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/20 3:51 PM

Филипче: Излекувани 200 пациенти, добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај

Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај и заедно ќе успееме да го надминеме, порача на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче, споделувајќи ја информацијата дека досега се излекувани 200 пациенти заболени од коронавирус.

– Се радувам за сите оздравени пациенти, за нивните семејства и најблиски. Се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме добри вести. Благодарност до целиот медицински персонал кој даде сѐ од себе да им помогне, како и до пациентите и нивните семејства за соработката, дисциплината и трпеливоста, објави Филипче.