Во текот на изминатите 24 часа од 7 часот на 19 април до истиот термин утринава, 11 лица го прекршиле полицискиот час на тетовското подрачје, информираат од СВР Тетово. Од 11-те лица тројца се малолетници, а двајца државјани на Република Албанија.
-Двајцата странски државјани на 25 и 26 години се откриени на улица „Иво Рибар Лола” во недела околу 13 часот. Освен по член 206 од Кривичниот законик двајцата ќе добијат пријава и за непријавен престој на подрачјето. Сите 11 лица ќе добијат пријава за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На подрачјето нема нови лица кои треба да бидат до домашна изолација со решение на Државен здравствен и санитарен инспекторат. За самоизолација изјави потпишале три лица.
МИА