Земјотрес во тетовско-гостиварскиот регион – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/20 9:01 AM

Земјотрес во тетовско-гостиварскиот регион

Земјотрес со интензитет од три степени по Рихтеровата скала е регистриран ноќеска 43 минути по полноќ на 71 километар југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќта на 20.04.2020 година во 00 часот и 43 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 71 km југозападно од Скопје во Ростушe, а потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Земјотресот беше почувствуван од населението во југозападните делови со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, наведува Сеизмолошката опсерваторија.