Шпанската легенда, Икер Касиљас, минатата година преживеа срцев удар, кој го оддалечи од фудбалот. За шпанските медиуми и откри како се чувствувал откако му се слошило на тренинг.
„Сè се смени после тоа. Особено во мојата глава. Во принцип, ние фудбалерите не го цениме тоа што го имаме, не веруваме дека можеме да направиме многу луѓе среќни, а сега работите се променија. Да бидам реален не знам кога и дали ќе се вратам меѓу стативите. Се чувствувам добро, земам некои лекови кои ми помагаат. Но, сега најважно е здравјето. После еден месец од срцевиот удар се плашев да одам, да спијам па дури и да правам најмал физички напор“, вели шпанскиот голман.
Неговиот клуб Порто реши да го задржи Касиљас и покрај инфарктот.