Секој долар што ќе го донирате, ќе го дуплирам- Спектакл на Дејвид Гета од врвот на неговата зграда во Мајами – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/20 9:46 PM

Секој долар што ќе го донирате, ќе го дуплирам- Спектакл на Дејвид Гета од врвот на неговата зграда во Мајами

Светскиот диџеј Дејвид Гета вчера од Мајами одржа онлајн концерт  насловен „Заедно дома“кој  го следеа фанови од цел свет. Свои сетови имаше од врвот на неговата зграда, а двочасовниот спектакл го следеа повеќе од шест милиони луѓе преку Фејсбук и повеќе од 300.000 на Јутјуб.

Концертот беше од хуманитарен карактер, па тој ги повика гледачите да донираат за борба против коронавирусот, а за секој долар што ќе го соберат, тој ќе донира уште еден.Многумина беа воодушевени од овој концертен спектакл, но за жал полицијата не беше воодушевена.

Иако концертот требаше да се следи од дома, повеќе од 200 луѓе се собраа за да го слушаат во живо перформансот на Гета, поради што морала да интервенира полицијата, пишува Мајами хералд.

Погледнете го неговиот перформанс..