На пазарење и во аптека само по еден член од семејството – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/20 11:29 AM

На пазарење и во аптека само по еден член од семејството

Владата вчера на 44. седница побара од МИОА да подготви и за наредната седница да достави протокол и анализа со која ќе се регулира систем на набавка на прехранбени продукти и лекови, од страна на само еден член од семејство. Министерството за здравство ќе подготви и за наредната седница ќе достави предлог – уредба со законска сила која правно ќе се нормира прашањето во однос на воведување на задолжителна самоизолација за сите граѓани кои вршат тестирања за КОВИД-19, најмалку до моментот на добивање на резултатот, согласно епидемиолошката анкета.

Од седницата на Владата беше одлучено  дека треба се препорача на сите вработени лица во органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, како и се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на вработените лица од приватниот сектор да ја преземат (инсталираат) мобилната апликација „Стоп корона!”.

Фондот за здравствено осигурување треба да ги задолжи сите матични лекари на своите пациенти да препорачаат преземање (инсталирање) на мобилната апликација „Стоп корона!”