Пред нас е ден кога после 48 дена или седум недели постење може да се јаде се. На Велигден трпезите се полни, па затоа нутриционистите велат дека најголемата грешка на верниците е што тој ден, првиот ден кога се слави Христовото воскреснување се прејадуваат и го оптоваруваат организмот. Прејадувањето , после долго постење претставува шок за организмот, па најчесто после обилна количина на масна храна се завршува на токсикологија. За да не биде така, нутриционистите советуваат да се внимава и денот да се почне со чај за детоксикација.
Ви издвојуваме три предлог чаеви кои секако ги имате во вашата домашна билна аптека, со кој пред да почнете со кршење јајца и гозба да си го почестите организмот.
Чај со цимет- Циметот е еден од најмоќните антиоксиданси на светот. Помага во намалувањето на тежината, како и ги топи масните наслаги. Тој е одличен зачин и вкусен додаток во чаевите.
Рецепт:
– Зелен чај
– Една лажица цимет
– Сок од лимон
– Мед
Чај со ѓумбир- Овој чај е одличен избор ако чувствувате мачнини и имате проблеми со желудникот, но исто така, ќе ви даде енергија и ќе ви го ревитализира целото тело. Ги смирува болките, го регулира нивото на шеќер во крвта поради што е одлична замена за кофеинот што ви е потребен наутро.
Рецепт:
– Зелен чај
– Сок од лимон
– Една лажичка ѓумбир
– Мед
Чај со куркума- Совршен за сјајна кожа, ја подобрува функцијата на црниот дроб и намалува било какви воспалувања.
Рецепт:
– ¼ лажица куркума
– 1 лажичка ѓумбир во прав
– Две шолји вода
– Една супена лажица мед