Пеце од Суперхикс направи своја преработка на хитот на Џокси „На Велигден сум се заљубил“. Во неговата верзија изпеана од дневна соба гласи „На Велигден сум се затворил“ и со неа посака -Среќни антикоронални полицископразнични карантински денови!
Во песната Пеце во неговиот текст вели:
– На Велигден сум се затворил, на ден самоизолациски, ајде Филипче ти помогни како да сум надвор. Волку празно не било, цркви празни, празни улици, само рутата ми остана, од претсобјето до дневна, вели меѓу другото пејачот „Суперхикс“ во неговата преработка.
https://www.facebook.com/petar.mladenovski.142/videos/10158471594188919/