Полни цркви, многуилјаден народ со свеќи, црвени велигденски јајца… Така е со години, со децении наназад насекаде низ Македонија секогаш за Христовото воскресение. Годинава првпат, поради коронавирусот и мерките за спречување на неговото ширење, верниците христовото водкреснување ќе го дочекаат со домашни молитви за среќа, здравје и желба ова време-невреме што побрзо да помине.
Да се потсетиме како беше лани, преклани во светите храмови на Велигден. Секако со надеж дека в година повторно ќе биде вака. Повторно ќе ни се врати надежта и повторно пред некој свет храм ќе си посакаме здравје, среќа, мир и благосостојба.. А дотогаш погледнете ја фотогалеријата од минатогодишните празнувања во повеќе градови, цркви и манастири.
Нека е за многу години прзникот.
Честит Велигден- Христос Воскресна!
Скопје
Охрид
Бигорски манастир
Куманово
Кочани
Кочани
Штип
Штип