Излечен рак на дојка во доцен стадиум, без баење – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/18 10:54 AM

Излечен рак на дојка во доцен стадиум, без баење

Откако класичната хемотерапија не го сопрела ракот на дојката а тој се пренел и на црниот дроб, врз една жена е применета експериментална имунотерапија која комплетно ја исчистила од канцерогени клетки. Ги одбрале нејзините најсилни чувари, ги размножиле до 80 милијарди и ѝ ги вратиле во организмот да се тепаат со непријателот.

49 годишната Џуди Пркинс од Флорида се откажала од битката откако хемотерапијата не дала резултати а ракот на дојката метастазирал по цело тело. Не можела да мрдне бидејќи тумори притискале на нерви. Прифатила да биде пробана на неа една експериментална програма со имунотерапија која комплетно го уништила ракот а за да се почасти, таа заминала на пешачка тура од 70-тина километри, пренесува Гардијан.

Прво, лекарите земале примероци од нејзините тумори за да ги проучат конкретните ДНК мутации на нејзиниот рак.

Следно, издвоиле имунолошки лимфоцити чија задача е да се борат со тумори, кои обично се преслаби или ги има премалку за да успеат во својата задача.

Лабораториски ги размножиле во милијарди па потоа започнале со терапијата во која организмот на Перкинс го засилиле со 80 милијарди внимателно одбрано имуно-клетки. После 42 недели била комплетно чиста и таква е веќе две години.

Охрабрени со извонредниот резултат, веќе се започнати амбициозни клинички тестирања за д се види дали ваков исход може стандардно дa се реплицира.