Вчера околу 16.00 часот е пријавено дека на сретсело во с. Студеничани, во близина на Општина Студеничани, по претходна вербална расправија, А.Ш.(28) од истото село, кој бил со патничко возило „рено“, од возилото испукал еден проектил од пиштол кон возило „ауди“, во кое биле А.Р.(21) и Б.А.(27), и двајцата од Студеничани, а непосредно до возилото стоеле и И.И.(44) и таткото на сторителот, А.Ш.(55).
Од проектилот скршени се двете задни странични стакла од патничкото возило „ауди“. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.