За помалку од една седмица, мексиканските гусари нападнаа четири брода. Не знаат за коронавирус и карантин и продлжуваат да го прават она што гусарите го прават со векови.
На мета на вооружените морски арамии биле два мексикански, еден панамски, а последниот напад бил врз италијански брод на 110 милји од брегот на Мексико. На бродот упаднале тројца вооружени гусари, кои раниле двајца членови на екипажот на италијанскиот брод.


