Полицискиот час на Уставен суд во Словенија – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/20 7:08 AM

Полицискиот час на Уставен суд во Словенија

Уставниот суд на Словенија и’ наложи на словенечката Влада веднаш да ја провери мерката за ограничено движење, воведена заради спречување на ширењето на коронавирусот.

Уставниот суд го суспендирал членот 7 од владиниот декрет што пропишува дека мерките ќе бидат на сила до „престанувањето на причините за нивно воведување“. Судот заклучил дека така и’ е препуштено на Валадата самоволно да одлучува кога мерките би можеле да бидат укинати.

Суспензијата ќе трае додека судиите на Уставниот суд не дефинирсаат одржлива одредба, а во меѓувреме Владата има обврска секоја седмица да ја анализира оправданста од продолжувањето на мерките.