Второто Основно јавно обвинителство во Белград, вчера направило договорни спогодби за признавање вина на 16 лица кои полицијата ги затекнала како во попладневните часови заедно се дружат, играат шах и домино и консумираат алкохол во шаховски клуб, па ги осомничила дека го извршиле кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
По потпишувањето на договорните спогодби, 16-темина добиле санкции од по четири до шест месеци домашен затвор, пишуваат српски медиуми.


