„Седумка“ за време на полициски час: Србин синоќа доби 450.000 евра на лото, ќе има ли „седумка“ вечерва во Македонија? – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/20 5:21 AM

„Седумка“ за време на полициски час: Србин синоќа доби 450.000 евра на лото, ќе има ли „седумка“ вечерва во Македонија?

Убави работи може да се случуваат и за време на вонредна состојба и полициски час. Тоа сигурно најдобро го почувствувал играч на лото во Србија, кој синоќа добил 450.000 евра за својата „седумка“. Според Државна лотарија на Србија, лото-ливчето со броевите, 1, 7, 10, 11, 17, 21 и 31, било уплатено во Кула.

Ќе го памети ли долго вечерва полицискиот час, а и Велигден, и некој Македонец. Лото-седумката на Државна лотарија на Македонија за ова коло „тежи“ повеќе од 350.000 евра.