Телото на починатиот може да заразува со денови и по смртта, предупредуваат форензичарите – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/20 2:18 PM

Телото на починатиот може да заразува со денови и по смртта, предупредуваат форензичарите

Форензичар кој работел во Бангкок, во Тајланд  најверојатно се заразил со вирус кој на него преминал од починат пациент, пишува Journal of Forensic and Legal Medicine.  Форензичарот подоцна умрел од вирусот, што претставува прв случај  некој да умре на ваков начин.  Се верува дека овој човек не се заразил на поинаков начин, бидејќи било утврдено дека немал контакти со луѓе кои биле заразени или сомнителни на коронавирус.

Доктор Ото Јанг од UCLA вели дека не е изненадување телото на неодамна починат човек да е извор на инфеција  од коронавирус.

– Апсолутно, телото на починатиот, кој имал вирус може да биде заразно и тоа од неколку часа до денови потоа.  Вирусот е уште во респираторните секрети и можно е уште да се разможува во келиите на белите дробови, кои се уште не се умрени, рекол тој.

Живеењето на вирусите во труповите може да биде голем проблем за лугето во погребалните фирми. Сепак, не е  јасно колку вирусот може да преживее во мртвото тело.

На форензичарите се препорачува задолжително да носат заштитна опрема , заштитна униформа, ракавици, визири и маска.  Бацилите кои убиваат луѓе обично не преживуваат толку долго за да се шират по смртта на човекот, освен во случаи кога предизвикувач е Ебола, колера, туберкулоза, хепатитис, ХИВ, салмонела, ешерихија и тифус. Изгледа дека ним им се придружила и Корона.