Киднапиран охриѓанец за кого бил побаран откуп – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/20 1:00 PM

Киднапиран охриѓанец за кого бил побаран откуп

Млад охриѓанец бил грабнат, а потоа од неговиот брат бил побаран откуп. Полицијата добила пријава  на 16.04.2020 во 13.05 часот во СВР Охрид, кога И.П.(29) од Охрид пријавил дека од страна на непознати лица со патничко возило „фолксваген голф“ бил грабнат неговиот брат Б.П.(33) од населба Рача – Охрид. Притоа, тој добил порака да даде пари за да биде пуштен брат му. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.