Повреден работник во фабрика во Пробиштип – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/20 12:56 PM

Повреден работник во фабрика во Пробиштип

Во Секторот за внатрешни работи во Штип било пријавено дека околу вчера (петок) во 15.20 часот во Итна медицинска помош во Пробиштип бил донесен Ј.А.(61) од Пробиштип, кој се здобил со повреда при работа во фабрика во Пробиштип. Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Пробиштип, соопшти полицијата.