(галерија) Супер хероите на Штип во борба против Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/20 12:50 PM

(галерија) Супер хероите на Штип во борба против Ковид 19

Во време на активна и секојдневна борба со Кодид-19, нашите вистински супер-херои и супер-хероини се всушност околу нас – здравствените работници, вработените во маркети, текстилните работници, полицијата, војската, пожарникарите. Сите оние кои се на своето работно место секојдневно, за ние да можеме да останеме дома и на тој начин да се заштитиме и себеси и нашите семејства. Ова го пишуваат активистите од Арт активизам. Нивната акција на супер херои ја истакнуваат макотрпната работа во ова време – невреме, која заслужува максимална поддршка од сите граѓани, на секој можен начин кој ќе им помогне и ќе им ја олесни работата.


-Затоа, ние како локални активисти ја направивме оваа акција со која укажуваме да се почитуваат препораките и мерките кои се донесени од страна на Министерството за здравство. Акцијата се однесува на мерките како што е растојанието кое треба да го одржуваме, правото на користење на годишен одмор и мерките кои треба да ги преземат работодавачите и превозниците за спречување на ширење на Ковид-19. Во оваа, како и во претходните акции на Штип арт активисти, ги искористивме хероите на Марвел, познатите Хулк, Тор и Капетан Америка. Сакавме пред сè на недвосмислен и јасен визуелен начин да ги споредиме нашите сограѓани со холивудските супер-херои, и на тој начин да ги охрабриме да ги почитуваат мерките. Со оваа споредба сакавме да ги потсетиме штипјани дека единствено со почитување на мерките сите ние можеме да сме супер-херои, да дадеме свој придонес, и на тој начин да искажеме благодарност до нашите здравствени работници, полицајците, пожарникарите, војниците, вработените во маркетите и текстилните работници/чки за нивната пожртвувана работа, велат активистите.

 

Уметничката инсталација е поставена на повеќе локации низ Штип.