Од Општинскиот кризен штаб – Кочани ги повикаа земјоделците коишто не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности за време на велигденските празници, телефонски да се пријават во Општинскиот кризен штаб. Ова е според насоките дадени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-Неевидентираните земјоделци треба да ја најават потребата за движење на телефонскиот број 075 317 795 најдоцна до петок, 17 април до 20 часот, за вршење на земјоделските активности за сабота, недела и понеделник, 18, 19 и 20 април 2020 г. При пријавувањето треба да остават лични податоци, телефонски број и да дефинираат точно време и место на извршување на активностите.Важно е да се напомене дека Општинскиот кризен штаб нема да издава дозволи за движење, туку само ќе ги евидентира земјоделците што го пријавиле своето барање за непречено движење за извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до Одделението за внатрешни работи – Кочани, соопштуваат од Општинскиот кризен штаб – Кочани.