Зоран Милески-Кичеец пуштен на слобода до правосилноста на пресудата – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/20 12:22 PM

Зоран Милески-Кичеец пуштен на слобода до правосилноста на пресудата

Зоран Милески-Кичеец е ослободен од домашен притвор, а со тоа, одлуката на жалбата за тригодишната затворска казна која ја има поднесено до Апелациониот суд ќе ја чека од слобода, дознава „А1он“.
Обвинителката Вилма Русковска за „А1он“вели дека таа дала позитивно мислење за Кичеец да биде на слобода до правосилноста на пресудата. Таа вели дека тој дал гаранција во недвижен имот, но не
кажа за колкава вредност станува збор.

Кичеец барал да биде ослободен од куќен притвор бидејќи во изминатите денови починал неговиот татко, а со тоа, неговата мајка била сама и тој требало да се грижи за неа, но и поради други семејни причини кои ги навел во барањето.
Милески е осуден на три години затвор за кривично дело примање награда за противзаконско влијание за која е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.
Во издржувањето на казната ќе му биде пресметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Пресудата за него беше изречена по неговото признание на вина,тој договарал средби меѓу Јовановски и брачната двојка Камчеви, а за возврат за посредувањето сите примиле награда од 1,5 милиони евра.