Корона ќе не убива до 2024, ако не се најде вакцина, тврдат од Харвард – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/20 7:34 AM

Корона ќе не убива до 2024, ако не се најде вакцина, тврдат од Харвард

Според најновата студија на научниците од  Харвард  коронавирусот ќе ги  светот ќе мора да се придржува на препораката од социјално дистанцирање  уште две години, а корона  ќе продолжи да  „убива“ најмалку до 2024 година.

-Ова што сега го прави светот нема да биде доволно да се запре новиот корона вирус, велат  од Харвард  школата за јавно здравје.

Студија ја објави списанието „Сајанс“, каде објаснуваат дека владите во речиси сите земји ќе мора  да воведуваат периоди кога ќе мора да има социјално дистанцирање, најрано  до 2022 година, ако дотогаш не се развие вакцина. КОВИД-19 треба да стане сезонски, како тесно поврзаните коронавируси кои предизвикуваат обична настинка со повисоки стапки на пренесување во текот на постудените месеци. Но, има многу непознати, вклучително и нивото на имунитет стекнат од претходна инфекција и колку долго трае, укажува лидерот на тимот научници од Харвард, Стивен Кислер.

Тој вели дека се до моментот на појава на вакцината социјалното дистанцирање е единствено решение.

Но, научниците посочуваат  дека ригорозните мерки на изолација може да имаат и голем контраефект, бидејќи на тој начин не може да се создаде колективен имунитет, заради што периодичниот начин во моментов се чини како најдобро решение.

Фото: kurir.rs