Денес штипскиот Кризен штаб ќе воведува ред на Градскиот пазар – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/20 2:56 PM

Денес штипскиот Кризен штаб ќе воведува ред на Градскиот пазар

Зголемена посета и покрај препораките и мерките, се очекува денес на Градскиот  пазар во Штип, во пресрет на долгиот карантински празничен викенд. По искуството од минатиот петок, кога тешко одеше држањето на препорачано растојание меѓу купувачите, Општинскот кризен штаб најави присуство на волонтери и вработни од комуналните претпријатија. Нивната задача ќе биде одржување на ред и растојание на посетителите. Исто така, според информациите од Кризниот штаб, на влезот ќе бидат делени и заштитни маски.

Што се однесува со храмовите на МПЦ, очекувањата се дека верниците ќе одговорат на повиците да останат дома и нема да има посета на црквите.

Периодот на празничниот продолжен карантин, ќе биде искористен за дезинфекција на влезовите на маркетите и аптеките, каде деновиви посетата е најголема.

Што се однесува до движењето на земјоделците, регистрираните, осносно тие што имаат дозволи, ќе може да се движат во атарот каде им се имотите. Нерегистрираните, кои имаат имоти и земјоделска работа, имаа можност да се пријават со основни податоци во Општинскиот кризен штаб и во пределен периот од денот да заминат и да се вратат до местото каде им се имотите.  Списокот со имињата е предаден во МВР. Останатите ги очекува продолжен карантински викенд, се’ до вторник до пет часот наутро.