Претседателот Пендаровски прогласува нови 30 дена вонредна состојба – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/20 1:48 PM

Претседателот Пендаровски прогласува нови 30 дена вонредна состојба

Уставотворецот нема предвидено ваква ситуација Собранието да не работи, а да треба да се продолжи прогласената вонредна состојба. Во ситуација кога пратениците примаат плата, а Собранието не работи јас ја преземам одговорноста само поради тоа што е ситуација без преседан и се работи за здрајето на граѓаните, објасни по седницата на Советот за безбведност, Претседателот на државата, Стево Пендаровски.

-Одлуката нема да биде формално правно продолжена, туку се носи нова одлука за постоење на потреба од вонредна состојба, изјави Пендаровски

Но, како што рече, ова не ја намалува одговрноста на сите. Пендаровски ја коментираше состојбата на претсотен 80-часовен карантин.

-Во однос на мерката на ограничување – со над 80 часа на цела територија, ние спаѓаме во група на земји со најргидни мерки во земјите во Европа. На сите ни е јасно за потребата. Ја охрабрувам Владата да дефинира план за фазно враќање во нормала, затоа што не само ние туку цел свет ќе мора да  се научи на живот со рестрикции, рече Претседателот Пендаровски.